(Фото) 25 жени ги покажаа градите во новата реклама за градници на „Адидас“

Дваесет и пет жени ги покажаа градите во новата реклама за градници на „Адидас“. Популарниот бренд за спортска облека на „Твитер“ објави колаж од фотографии со цел да ја рекламира новата колекција спортски градници.

„Веруваме дека женските гради во сите облици и големини заслужуваат поддршка и удобност. Затоа нашата нова палета на спортски градници содржи 43 типа, па секој може да го најде вистинскиот за себе. Спортскиот градник е најважното парче облека за вежбање за жените. Самодовербата и поддршката што ги дава може да има значително влијание врз перформансите и способноста за спортување. Фото колажот е дизајниран да покаже колку се различни градите, со различни форми и големини кои нагласуваат зошто приспособената поддршка е најважна“, рекоа од „Адидас“ за CNN Business.

Фановите имаа поделени мислења околу целата оваа замисла. Некои рекоа дека повеќе би сакале да гледаат градници отколку гради. Други пак сметаат дека огласот е несоодветен, додека трети пак сметаат дека ова е храбар потег и го пофалија за тоа.

„Ме потсетува на едно предавање за рекламирање на кое беше поставено прашањето: ‘Како да привлечеш нечие внимание?’ Им покажувате гола жена. Иако оваа реклама ги надминува сите граници, проблемот со оваа стратегија е што го засенува вистинскиот производ. Рекламата би можела да биде помалку шокантна доколку прикаже 43 жени кои всушност носат нови спортски градници“, рече Дејвид Пласек, експерт за маркетинг, пренесува CNN.

Scroll to Top