Американката Џена Еванс од Сан Диего, додека спиела го проголтала својот дијамантски свршенички прстен од 2,4 карати. Таа сонувала дека со нејзиниот вереник Боби биле нападнати во воз. Во сонот вереникот ја натерал Џена да го проголта прстенот за да го сокрие од групата криминалци. Кога утрото Џена се разбудила, сфатила дека прстенот не е на нејзината рака и дека додека спиела таа навистина го проголтала.
Џена му ја објаснила ситуацијата на Боби, кој ја однел во болница. Лекарите решиле да ја оперираат, а откако прстенот бил изваден, лекарите му го дале на Боби, за тој да го чува. Џена ветила дека во иднина ќе внимава и дека ќе посети специјалист за спиење.