(Фото) Австриски гроф ги убил својот татко и брат поради оставината

Автриецот Тони Гес, кој имал титула на гроф и бил земјопоседник и сопственик на дворецот Бокфлис во Мистелбах, убил три лица, меѓу кои и својот татко и брат, порад недоразбирање околу оставината.

Како што пренесува австрискиот печат, трагедијата се случила во Долна Австрија, а покрај таткот и братот, Гес со ловечка пушка го убил и својот деловен партнер.

Еден од соседите  веднаш повикал полиција откако ги слушнал истрелите. Увидот е во тек и засега службите не се излезени со официјално соопштение за тројното убиство.

Познато е само дека полицијата, која веднаш пристигнала на местото на настанот, веднаш го уапсила сторителот на убиството, кој се предал без никаков отпор.

Засега не е соопштен официјалниот мотиви за направениот злостор, но неофицијално се дознава дека семејството често се расправало и доаѓало во конфликт околу парите и наследството.

 

Scroll to Top