Бразилската манекенка Сузи Кортез со разголена фотографија го прослави погодокот на Лионел Меси од слободен удар на синоќешниот натпревар против Севилја. Облечена во дрес на Меси, Мис Бум-Бум се сликаше пред телевизорот, а фотографијата ја сподели на социјалните мрежи каде ја следат преку два милиони фанови.
„Напред Барса! Денес почна сезоната на голови на најдобриот фудбалер на светот“, напиша Кортез под фотографијата.
Таа и покрај големите критики кои ги добива од бразилските фанови, го обожава Меси, кој е Аргентинец. Често ги слави неговите голови и асистенции. Минатиот месец објави фотографија од фудбалерот на Барселона, нарекувајќи го најдобриот фудбалер на светот.
За време на Копа Америка голем број Бразилци упатија низа критики затоа што навивала за Аргентина, а таа одговорила дека не навива за Аргентина, туку за најдобриот фудбалер во историјата Лионел Меси.