(Фото) „Човекот Кен“ стана жена

Родриго Алвес, кој се прослави како човекот Кен, пред неколку месеци започна трансформација од маж во жена. Тој направи повеќе од 70 пластични операции, вгради екстензии на косата, а ги зголеми и градите.

„Ја сакам мојата долга рамна коса. Мислам дека никогаш нема да имам кратка коса во својот живот. Долгата коса ме прави посилен, самоуверен и очигледно преубав“, рекол Родриго.

Иако сега го започна процесот да стане жена, Родриго уште во 2018 година првпат се фотографирал облечен како зајачица.

„Тоа искуство ми помогна да сфатам дека ми е судено да бидам жена“, рекол тој.

Од бројните операции што ги имал, најмногу го оперирал носот.

„Имав 72 операции бидејќи имав доста компликации и многу работи морав да поправам. Претходно тоа ми беше желба, сега е потреба. Се здебелив 20 килограми во последните месеци, поради стрес“, додал Родриго.

https://www.instagram.com/p/B66p_ZNlPni/?utm_source=ig_embed

Scroll to Top