Човекот познат како В. Браун од Јамајка ја освои лотаријата во земјата во висина од 95 милиони јамајски долари, односно 650.000 американски долари.
Тој вели дека го чекал целиот свој живот овој момент. Браун по наградата дошол облечен во костим од Дарт Вејдер, суперјунакот од филмската сага „Војна на ѕвездите“.
Среќниот добитник вели дека уплатувал лото 20 години со истите броеви, со минимални измени. Вели дека две децении тие броеви имале големо значење за него. Браун вели дека отсекогаш биле убеден дека еден ден ќе го освои џекпотот и дека неговиот живот целосно ќе се промени.
„Отсекогаш имав тежок живот. Потекнувам од сиромашно семејство. Понекогаш не можев да одам на училиште затоа што моите родители тоа не можеа да ми го овозможат. Но, си ветив себеси и пред Бога дека еден ден јас ќе бидам тој кој ќе му помогне на семејството“, изјавил Браун.
Гејл Абрахамс, потпретседателот на локалната компанија за лотарија, му ја даде наградата на Браун. Локалните медиуми пишуваат дека среќните добитници од Јамајка често носат маски за време на подигнувањето на наградата за да го скријат својот идентитет.