(ФОТО) Детето кое пушеше 40 цигари дневно, повторно се соочува со проблем

Арди Ризал од сиромашното село во Суматра, Индонезија уште како двегодишно дете го запрепасти светот бидејќи пушеше по 40 цигари дневно.

По ова се вмеша индонезиската влада и покрена кампања за да го реши проблемот со детското пушење. Така детето одело во центарот за рехабилитација во Џакарта и успеа да се справи со оваа лоша навика.

Сепак, детето 40 цигари дневно сега ги заменило со многу храна и повторно е снимен документарен филм за него.

– Многу луѓе му нудат на Арди цигари, но Арди веќе не пуши. Тој вели дека го сака докторот Каку Сетоа и дека тој би бил тажен ако повторно почне да пуши и ќе се разболи, изјавила мајката Дијана Ризал (28), и додала дека на почетокот имал страшни изливи на бес, но тоа прекинало.

Арди сега јаде многу храна и сега ги загрижува неговата тежина. Арди има 24 килограми, а треба да има помеѓу 17 и 19 килограми.

Кога прекинал да пуши, ја уценувал својата мајка дека ќе запали цигара ако не му купи играчки. Ја удирал глават во ѕид, ако не го добиел тоа што го сака. Јаде зеленчук и риба, но во могу мали порции.

Scroll to Top