(Фото) Докторите на пат кон Њујорк испратија порака за надеж

Околу 30 здравствени работници од Аталанта, одговорија на повикот за помош и се качија во авион кој леташе за Њујорк, пренесува „Си-Ен-Ен“. Во авионот заедно со останатите патници и екипажот, тие со рацете формираа облик на срце и испратија порака до сите.
Додека многумина од нас ги чувствуваат ефектите од пандемијата „Ковид-19“, никој не знае што навистина се случува со нашите медицински работници. Овие храбри војници константно ги ставаат потребите на другите, над своите. Нивната несебична жртва е светло во ова темно време и ниту една количина благодарност никогаш нема да биде доволна“, напишаа од авиокомпанијата Sautvest.
Екипажот на авионот не знаел дека толкав број на медицински работници одат да помогнат во Њујорк, сè до моментот додка не се качиле. Еден член на екипажот го забележал овој впечатлив момент од авионот, пред да полетаат.

 

Scroll to Top