(Фото) Елвис Присли танцува на зелено на семафори

Со цел да се одржат жив споменот за Елвис Присли, властите во германските градови Бад Наухајм и Фридберг, добиле идеја на семафорите да стават силуета од „кралот на рокенролот“.

Присли го регулира движењето на пешаците. Во Фридберг кога е црвено за пешаци, кралот стои со микрофонот во рака, а кога е зелено, почнува да танцува. Во Бад Наухајм Елвис е со гитарата. Кога е црвено кралот е со подигната рака, додека на зелено почнува да свири.

Во Фридберг, Елвис стои пред микрофон кога е црвено, а кога е зелено, е во неговата препознатлива танцувачка поза

Властите на овој начин велат дека сакаат да му оддадат почит на легендарниот американски музичар, кој во периодот од октомври 1958 година, до март 1960 година живеел таму.

Семафорите во Бад Наухајм

Двата града се познати по нивната борба за тоа чив е Елвис. Сепак градоначалникот на Бад Наухајм, Клаус Крес вели дека не станува збор за никакво ривалство помеѓу двата града и дека постојано се поддржуваат едни со други.

Scroll to Top