Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски се пофали на социјалните мрежи дека станал татко. Тој објави фотографии со неговото второ дете. Тој со фановите сподели дека добил ќерка.
„Здраво малецка, добре дојде на свет“, напиша на фотографијата Левандовски и откри дека името и е Лора.
Левадновски ја доби Лора, само неколку дена откако неговата прва ќерка, Клара, го прослави третиот роденден.
Фудбалерот ја пофали и неговата сопруга, Ана, за која вели дека одлично си ја завршила работата. Полјакот наскоро ќе се врати на фудбалските терени, откако германската канцеларка Ангела Меркел даде зелено светло да продолжи сезоната во фудбалската лига.