(Фото) Гардисите паѓаа како круши на пробата за роденденот на кралицата

Следната недела британската кралица Елизабета II ќе го прослави 93. роденден, а подготовките за свеченоста веќе почнаа. Но, гардистите имаа големи проблеми со топлото време.

Неколку од нив колабирале пред очите на синот на британската кралица, принцот Ендру. Двајца се онесвестиле па колегите им притрчале на помош.

Настанот се случил додека кралскиот син, принцот Ендру, војводата од Јорк, јавал на коњ и ја надгледувал парадата специјано правена за Кралицата. Британската кралица има два родендена едниот е на 21 април 1926 година, денот кога е родена, а вториот ќе го слави јавно следната недела.

Инаку шубарите кои ги носат на главите се тешки и на гардистите им предизвикуваат топлина. За време на обуката, војницит имаат предавање за во случај ако се онесвестат, на кој начин да паднат достоинствено.

Откако ќе почувствуваат вртоглавица, гардистите мораат да се обидат да ја задржат смиреноста и да не привлечат внимание. Секогаш треба да паѓаат со лицето надоле во целосно рамна положба.

Scroll to Top