(Фото) Хилари Клинтон со стари фотографии од Белата куќа го честиташе Божиќ

Поранешната прва дама на САД Хилари Клинтон и овој Божиќ како и претходниот на Американците им ги честиташе божиќните празници, со стари фотографии од Белата куќа.

Фотографиите на Хилари се од времето кога нејзиниот сопруг беше претседател на САД и кога двајцата престојуваа во Белата куќа. Таа на „Твитер“ објави фотографија од 2000 година, на која покрај елката стоеја и Бил Клинтон.

Неколку дена претходно, исто така на „Твитер“, Хилари го честиташе еврејскиот празник Ханука, споделувајќи фотографија од времето кога беше прва дама.

Минатата година Хилари исто така сподели новогодишна прака со стара фотографија, направена во ноќта на реизборот на Клинтон на местото претседател.

Сопругата на Бил Клинтон, со старите фотографии наиде на жестоки коментари од своите следбеници.

„Трамп и понатаму е твој претседател“, „Застани малку и размисли како да станеш подобра личност“, биле некои од коментарите на твитерџиите.

 

Scroll to Top