УФЦ ѕвездата Конор Мекгрегор преку Инстаграм се пофали дека си купил нов часовник, „Ролекс“ кој чини 55.000 евра. Ирецот објави неколку слики на кои на раката го носи скапоцениот часовник.
„Еве малку мускули, неколку дијаманти и насмевка за моите фанови. Ве сакам сите“, напиша Мекгрегор.
31-годишниот Мекгрегор, кој наводно прифати дуел со УФЦ легендата Андерсон Силва, овој месец се пофали со уште еден скап часовник, „Патек Филип“. Од оваа серија беа направени само 25 часовници.
View this post on Instagram
Here’s some Muscles, some diamonds, and a smile for all my fans, I love yous all ❤️