(Фото) Ликот на Федерер на швајцарски франк

Ликот на еден од најдобрите светски тенисер Роже Федерер ќе се најде на монетата на Швајцарија. Властите објавија дека во јануари наредната година ќе биде издадена првата комеморативна сребрена монета од 20 швајцарски франци со ликот на Роже Федерер, а во мај ќе биде издадна иста таква златна монета од 50 франци.

Федерер е 20-кратен освојувач на гренд-слем турнирите и вели дека му е чест што има можност уште додека е жив неговиот лик да се најде на монетите во Швајцарија.

 „Ѝ благодарам на Швајцарија за ваквата привилегија“, изјавил 38-годишниот Федерер.

Тенисерот досега има освоено 103 АТП-титули, од кои 20 од гренд-слем и 28 од мастерс-турнирите. Има поминато рекордни 310 недели на врвот на АТП-листата.

Швајцарецот е прва жива личност чиј лик ќе се најде на швајцарскиот франк

Scroll to Top