(Фото) Москва како во зимска бајка

Руските метеоролози најавија големи снежни врнежи во регионот на Москва уште во текот на изминатата ноќ, пренесува ТАСС.

Поради силните врнежи и снежни наноси, околу 49 лета се одложени. Поради снегот, 16 полетувања се откажани од аеродромите во Москва „Внуково“, „Домодедово“ и „Шереметјево“.
Метеоролозите прогнозираат дека температурите во руската престолнина ќе се спуштат до минус 12 степени Целзиусови.

 

Scroll to Top