(Фото) Наследникот на „Плејбој“ стана татко

Синот на Хју Хефнер, Купер, и неговата сопруга Скарлет Бирн, позната по улогата на Панси Паркинсон во филмовите за „Хари Потер“, вчера добија ќерка. Веста за раѓањето на бебето ја објави наследникот на „Плејбој“.

„Скарлет и јас денес ја пречекавме нашата ќерка Бетси Роуз. Исполнети сме со благодарност, среќа и љубов“, напиша 28-годишниот Купер, кој неколку години е активно вклучен и во политиката.

Тој откри и дека ќерката го добила името по неговата баба Бетси Олдриџ-Конрад, која почина минатиот месец.

Скарлет првпат ја потврди веста за бременоста во март кога на социјалните мрежи напиша дека со нетрпение го очекува пристигнувањето на уште еден Хефнер на светот. Двојката се венча во 2019 година по четиригодишна врска на мала церемонија во Калифорнија.

Scroll to Top