(Фото) Огромните црвени гаќи кои го симболизираат популизмот на политичарите од Лондон се враќаат во Чешка

Славните огромни црвени гаќи кои во 2015 година, 45 минути се вееле на Прашкиот замок, наместо знамето, до овој момент биле закачени на фасадата на Ред галерија во Лондон. Градот бил избран поради тоа што седиштето на чехословачката влада во егзил, за време на Втората светска војна, се наоѓало во британската престолнина.

Гаќите биле закачени како симбол на сите политичари популисти, кои на евтини теми собирале и собираат поени кај гласачите.

Со перформанс на чешката алтерантивна уметничка група Зтоховен, публиката сега ќе се прости од Лондонската Црвена галерија со црвените гаќи на фасадата, поради тоа што на истото место во план е да се изгради хотел.

Огромните црвени гаќи, претседателот Земан, во јуни демонстративно ги запалил, и покрај тоа што тие претставуваат симбол на популизмот во постмодерната политика и имаат за цел да изразат поддршка за чешката авангарда и политичките глобални активисти.

Тројца уметници од групата Зтоховен, во септември 2015 година, го искористиле реновирањето на претседателскиот замок Храдчани во Прага и се качиле на кровот. Тие го украле претседателското знаме, а наместо него ги подигнале црвените гаќи. Тие се вееле 45 минути се додека не биле забележани од обезбедувањето. Ваквиот потег претставувал знак дека многумина Чеси се срамат од својот претседател поради проруските ставови и вулгарното однесување.

Сите тројца биле осудени во април минатата година на казни затвор од по шест месеци условно и требало да платат по 2400 евра затоа што наводно при качувањето го оштетиле кровот и затоа што го уништиле знамето, кога го пресекле на 1000 парчиња и го испратиле преку пошта на вистинскиот сопственик. Односно на народот, поточно на адреса на 1000 одбрани Чеси.

Претседателот Земан повикал на средината на јуни годинава тајна конференција за новинарите, за да признае дека сакал да направи будала од нив, со тоа што наместо да даде некоја важна изјава, пред нив изјавил дека ќе ги запали црвените гаќи, кои, иако се уметничко дело и дел од хепенинг, тие биле кофискувани како доказ за судењето, а потао и припаднале на државата.

Полицијата по палењето на гаќите, му поднела кривична пријава на Земан, затоа што, според оценката на експертите, претседателот запалил уметничко дело со мала вредност, кое веќе станало политички симбол на улични протести на Чесите против претседателот и премиерот Адреј Бабиш.

„Реакциите се сосема позитивни, поради тоа што политичката ситуација е слична во многу земји. Не само во Чешка. Луѓето како Земан, политичарите, се популисти кои користат евтини теми за да ги освојат гласовите на гласачите. Тоа е светски тренд. Од црвените гаќи би сакал да направам светски симбол на валканата долна облека“, вели за чешкиот портал „Idnes.cz“, Кустос Јарослав Крампол.

 Галеријата во соопштението навела дека црвените гаќи со димензии од осум метри, се закачени на фасадата и би требало да го поттикнат сомнежот и преиспитувањето на улогата на шефовите на држави во сегашните политички системи и да потсетат дека со слична реторика како Земан се служи и американскиот претседател Доналд Трамп.

„Ова се гаќи кои повеќе ниту еден политичар нема да ги запали“, навеле од галеријата.

По Лондон, гаќите ќе патуваат како уметнички експонат на фестивал во Чешка, а Крампол преговара „гаќите на Земан“ да бидат закачени и на кулите во Њујорк, кои се во сопственост на претседателот на Америка Доналд Трамп.

„Тешко е да се одреди точната сума. Но, мислам дека црвените гаќи би можеле да се продадат и за 80.000 евра. За некоја галерија тоа би бил мошне интересен уметнички предмет“, проценил германскиот галерист Јиржи Швестка.

 

Scroll to Top