(Фото) Падна најголемиот италијански мафијаш

Италијанската полиција во голема акција што ја спровела ширум земјата уапсила 31 член од Касамоника мафијата.

Во акцијата во која е уапсен еден од најозлогласените мафијаши во Италија, Џузепе Касамоника, учествувале повеќе од 250 полицајци.

Покрај него, уапсени се и голем број членови на неговото семејство.

Мафијашите кои биле уапсени ширум Рим и Јужна Италија се товарат за трговија на дрога и изнудување пари.

Куќата на Џузепе Касамоника била главното собиралиште на неговите опасни луѓе, а во моментите на претрес на куќата пронајдени биле 50 000 евра во готовина, бројни банкарски сметки, луксузни часовници и автомобили, пренесуваат италијанските медиуми.

Во текот на акцијата уапсен е и познатиот боксер Доменико Спада.

Scroll to Top