Ингер Нилсон која како девојче ја глумеше Пипи Долгиот Чорап во популарните шведски филмови за деца денес е возрасна жена на 57 години.
Сериите и филмовите за Пипи снимани се во 1969 и 1970 година, но дури и денешните тинејџери занаат за кого станува збор, со оглед дека во текот на годините имаше голем број репризи.
Но, за разлика од својата хероина, Ингер во меѓувреме остарела. Одамна ги прераснала откачените костими на најнеобичното девојче на светот и црвените кикички ги заменила со поженствена фризура.
Иако не успеа да им избега на години,таа има добар „адут“ за борба со нив. Љубопитниот и ведар поглед на Пипи како и впечатливата насмевка и ден денес ќе ја препознае секој кој погледнал макар и една епизода на „Пипи Долгиот Чорап“.