И покрај апелот на јавните комунални претпријатија пред првомајските празници за совесно и одговорно
однесување во природата на излетничките околни места за време на традиционалното собирање и
правење скара, скопјани и понатаму рурални фраери.
Ни дождот ни лошото време оваа година не ги спречи скараџиите да направат ѓубре, а да не си го исчистат по тоа.
„Гладни и жедни да не останавте случајно? Каква ненаситност, каква несвесност е ова бе?! Дома уште собираат позади вас или не сте дома па во ред е? ЛУДИЛО“, се само некои од коментарите на социјалните мрежи.