(Фото) Пожарникари ѝ помогнаа на невестата да стигне на венчавката

Група пожарникари од Лос Анџелес ѝ помогнале на Џули Горман навреме да стигне на нејзината венчавка. Таа со своите деверуши заглавила во сообраќајот во центарот на градот.

Тимот пожарникари се понудил да им помогне на девојките да ги извлечат од метежот. Тие ја кренале невестата во раце за да не ѝ го извалкаат фустанот и навреме стигнале во црквата.

Неколку недели подоцна, Џули во знак на благодарност им испратила заеднички фотографии ѝ им се заблагодарила што ѝ ја спасиле венчавката.

Scroll to Top