(Фото) Претседателот на државата на работа патува со метро

За разлика од повеќето свои колеги во светот, австрискиот претседател Александер ван дер Белен го користи градскиот превоз за да стигне на работа. Тој на својот Инстаграм профил објавил фотографија од утринското возење во метро.

„Додека се возам гледам белешки од говорот за мојот следен состанок“, напишал претседателот на Австрија Белен на фотографијата.

Фотографијата за кратко време се рашири на социјалните мрежи. Луѓето ширум светот го пофалија Белен за ваквата своја постапка.

Scroll to Top