(Фото) Принова во домот на австрскиот канцелар Штрахе за Нова година

Австрискиот вицеканцелар Хајнц Кристијан Штрахе со неговата соруга Филипе го добија најубавиот можен подарок за Нова година.

dobivaj vesti na viber

Двајцата станаа родители на прекрасно машко бебе чие име му го дадоа Хендрик. Ова е трето дете од нивниот брак. Двајцата веќе имаат ќерка и син.

Хајнц уште од претходно најавил дека ќе земе месец дена отсуство поради раѓањето на неговиот син, а платите кои ќе ги примал, изјавил дека ќе ги подарувал за хуманитарни цели.

„Конечно си тука. Со својот прв крик и земање воздух ги освои нашите срца. Ти си чудо. Подарок и исполнување“, напиша Хајнц на својот Фејсбук профил.

Меѓу првите кои му честиташе на Хајнц е неговиот коалиционен партнер, канцеларот Себастијан Курц.

„Посебен влез во Новата година. Срдечни честитки за родениот син Хендрик. Ти посакувам се најдобр, здравје и многу среќа“, напиша Курц на објавата на Штрахе на Фејсбук.

 

Scroll to Top