Рускиот претседател Владимир Путин, им го честиташе на сите жени во Русија, Денот на мајките. Овој празник во Русија се одбележува секоја година во последната недела од ноември.
„Зачувување и зголемување на населението, како и издржувањето на семејството е еден од главните приоритети за развој на Русија. Во Указот на претседателот на Русија, под број 204, од 7 мај 2018 година, прв и клучен од 9 цели за националниот развој е обезбедување на природниот раст на населението на земјата“, пишува во објавата на Кремљ.
Путин рече дека е исклучително значајна задачата поставена во Сојузното собрание на 20 февруари 2019 година. „За нашето друштво, семејство, раѓање деца, почитување на старите генерации, беа и останаа моќни морални рамки“.
На снимката се гледа и мајката на Путин, Мраија Иванова. Таткото на рускиот претседател, Владимир Спиридоновиќ Путин (1911-1999) и мајката Марија Иванова Шеломова (1911-1988) биле работници во фабрика.
Татко му добар де од 30 години од минатиот век, работел како подморничар во Балтичката флота, а Втората светска војна ја минал во тешки борби со германските окупатори на фронтот.
Мајка му работела во фабрика во Ленинград, а кога Владимир бил роден, таа станала домарка во зградата за да биде поблиску до него. Марија и Владимир пред Путин помладиот имале уште два сина, но, тие починале како деца.