(Фото) Путин кавалер, ѝ подари цвеќе на 85-годишна Русинка

Рускиот претседател, Владимир Путин, како вистински џентлмен ѝ подари букет цвеќе на уметничката директорка на Современиот театар во Москва, Галини Волчек. Путин ја посети Галини за нејзиниот 85. роденден, а покрај цвеќето, таа од рускиот лидер доби и книга „Историја на рускиот театар“ и фотографија од зградата на нејзиниот театар.

„Ова е можност да се сумираат резултатите и да ви се заблагодариме за вашиот придонес во националната култура и светскиот театар“, изјавил Путин.

Руските медиуми пишуваат дека Путин и Галини срдечно разговарале и уживале во колачите и кафето.

Scroll to Top