Светските медиуми неодамна објавија слика од исечок од руски весник од 1990 година, а со натпис за Универзитетот во Санкт Петербург. Сликата и текстот во весниците се по повод проекција на филмот за Анатолиј Собчак, првиот градоначалник на Санкт Петербург од моментот кога градот го променил името. На сликата, со долга, темна коса, е и сегашниот руски претстедател, Владимир Путин.
Во тоа време Путин бил помошник ректор на Универзитетот, а таму е дојден на предлог на Собчак. Собчак е единствениот човек за кој Владимр Путин јавно зборувал дека му е учител.