(Фото) Русинката Наталија Кузнецова е најсилната бодибилдерка во светот

Русинката Наталија Кузнецова има бицепс со димензија од 49 сантиметри, рекордерка е во многу категории, а себеси се опишува како најсилната бодибилдерка во светот.

Почнала со вежбање на 14-годишна возраст, а целта ѝ била од слаба девојка да стане привлечна, но отишла чекор подалеку, како што вели самата за руски магазин.

Критиките на нејзина сметка не ѝ пречат, иако многумина и велеле дека воопшто не делува женствено, но Наталија не се согласува со нив.

„Кога започнав со вежбање сакав да качам некој килограм затоа што бев премногу слаба и не се чувствував привлечно, но изгледа отидов малку подалеку од тоа. Некои луѓе мислат дека мускулестото тело не е женствено, па дури не е женствено ни ако имате мускули на стомакот“, вели Русинката која во теретана дошла со 40 килограми, а сега има 90.

Нејзиниот сопруг исто така се занимава со бодибилдинг, но е помалку развиен од неа и тоа воопшто не му смета.

Scroll to Top