(Фото) Шампионскиот прстен на Коби Брајант продаден за 200.000 долари

Еден од двата дијамантски прстена што Коби Брајант им ги дал на своите родители, е продаден на аукција за 200.000 долари. Легендарниот кошаркар на Лејкерси во 2000 година доби два идентични прстена, реплики на шампионскиот прстен од таа сезона, а им ги подари на своите родители.

Неговата мајка Памела го продаде својот прстен во 2013 година, а тој неодамна повторно се најде на аукција и беше продаден за 200.000 долари. Почетната цена била 15.000 долари.

Заедно со прстенот беше даден и документ дека истиот е автентичен, а го потпиша неговата мајка за време на првата продажба.

Се очекува наскоро уште еден прстен на Коби да биде ставен на аукција.

 

Scroll to Top