(Фото) Синот на Бекам е во врска со постара глумица

Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид и Викторија, е во врска со четири години постарата глумица Никола Пелц, пишува британскиот магазин „Сан“. Тие неколку пати биле видени заедно во Лондон, и наводно се во врска околу четири месеци.

„Бруклин веќе го запозна нејзиното семејство и добро се согласува со нејзиниот брат, дури беа и на забава заедно“, рекол близок пријател на Бруклин за „Сан“.

Пред помалку од еден месец истиот магазин пишуваше како Бруклин (20) е во врска со полусестрата на Кејт Мос, Лоти, а го поврзуваа со уште две други девојки откако ова лето раскина со манекенката Хана Крос. Бруклин беше во кратки врски беше и со актерките Натали Ганза и Фиби Торенс, која многу наликува на неговата мајка Викторија.

Scroll to Top