(Фото) Скопјани направија новогодишна елка на плоштадот

Околу 4000 граѓани вчера на плоштадот Скопје учествуваа во правењето на новогодишна елка. Сите заедно се обидоа да постават нов Гинисов рекорд за правење на најголема новогодишна елка во светот, направена од луѓе.

Целиот плоштад беше обележан во новогодишна елка, а граѓаните добиваа зелени и црвени ќеси, означувајќи ги зеленилото и украсите. Организаторите велат дека направиле снимки и дека сега чекаат да видат дали е срушен рекордот. Резултатите ќе се знаат за неколку денови.

Досега најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија, во 2015 година, со 4.030 учесници.

Настанот беше проследен со музичко-забавна програма со Бени Шаќири и Нон стоп.

 

Scroll to Top