(Фото) Средношколци се откажаа од скапата облека за матура, парите ги дадоа на мајка болна од леукемија

Учениците од Сообраќајното и електро училиште од Добој во Босна и Херцеговина, се откажале од скапата облека за матура, а парите ги донирале во хуманитарни цели. 18 момчиња од III-3 смер електроничари и електричари, парите за гардероба ги подариле на Вања Манијловиќ, жена која боледува од леукемија.

Матурантите велат дека собрале 750 конвертибилни марки и дека донацијата ќе и биде исплатена на Вања која е мајка на малолетно девојче. Идејата била на Тарик Медиќ и истата ја прифатиле сите.

 

„Парите од нашите костими му се потребни многу повеќе на некој друг отколку на нас. Тогаш им предложив на друарите во класот и тие се согласија да ги донираме, а донацијата е исплатена на Вања Манојловиќ. Успешно собравме 750 конвертабилни марки. Многу ми е драго што сепак успеавме да се организираме“, изјавил Тарик.

„Најдов на интернет шаблон и им предложив на другарите тоа да го отпечатиме на маичките“, вели еден од матурантите Цвијановиќ.

Класниот на матурантите, Жељко Тодоровиќ им се приклучил во хуманата акција на своите ученици и за оваа пригода облекол костум. Вели дека и тој се присетил од матурантските денови.

„Најдов на интернет шаблон и им предложив на другарите тоа да го отпечатиме на маичките“, вели Цвијановиќ.

„Во мое време ние немавме матурска вечер. Јас бев матурант во 1973 година. Јас сум од првата генерација која излезе од ова училиште, а матурската прослава се воведе подоцна. Во наше време немаше ниту матурска екскурзија“, се присетува Тодоровиќ.

Scroll to Top