(Фото) Трамп и Меланија ги примија Баз Олдрин и Мајкл Колинс во Белата куќа

Претседателот на САД Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија, денес ги примија астронаутите кои беа дел од мисијата „Аполо 11“, кој пред 50 години а прв пат чекореа на Месечината.

Во Овалната канцеларија, Трамп се состана со вториот човек на Месечината Баз Олдрин, членот на мисијата „Аполо 11“, Мајкл Колинс и роднините на Нил Армстронг, првиот човек кој чекореше на Месечината, пренесува „Ројтерс“.

Трамп ги праша Олдрин како му се чини способноста САД да делува во вселената по 50 години, на што поранешниот астронаут одговори дека е разочаран од тоа што се случува во последните петнаесет години.

Агенцијата наведува дека Трамп со поранешните астронаути разговарале за мсијата на Марс и наговестил дека сака веднаш да организира мисија на истражувања на Црвената планета, наместо повторно да слетаат на Месечината.

Колинс се согласил со претседателот и изјавил дека би требао директно да слетаат на Марс. На состанокот присуствуваше и администраторот на американската вселенска агенција на НАСА, Џим Брајденстин.

Scroll to Top