Фудбалските фанови и тие кои гледаат фудбал само за време на Мундијалот можат да здивнат. Свеченото отварање, кое беше изненадувачки кратко, заврши и на „Лужники“ шоуто кај фотографите го украдоа убавите руски фанови.
Иако неодамна добија предупредување да немаат секс со странските туристи во Русија кои би ги оставиле бремени и сами, тешко е да се одолее на шармот на руската убавина.
#RobbieWilliams with a message to his critics who said he sold his soul to Putin for this gig. Legendary response. #WordCup2018 pic.twitter.com/OJdJiP7XPb
— 90thMin ⚽️ (@90thMin) 14 June 2018
Во исто време, контроверзи предизвика Роби Вилијамс, англиската поп-ѕвезда задолжена за шоуто, со покажување на среден прст кон камерите. Ова најверојатно беше реакција на некои коментари во Англија кои му замераа што воопшто решил да пее во Русија.