(Фото) Внуката на Мајкл Џексон седум пати прободена со нож во главата

Џасмин Џексон, внука на Мајкл Џексон од неговата сестра Џо Вони, неодамна била нападната од нејзина сосетка, која седум пати ја прободела со нож во главата. Таа е добро, а по нападот сподели фотографии на кои е облеана во крв. Џасмин напиша дека ова бил расистички напад, оти пред да ја нападне, жената ја навредувала и ја нарекувала „црнчуга“.

„Боже, заштити ги нашите црни кралици. Овие се чудни времиња и ни требаш повеќе од кога и да било“, напиша Јасмин покрај фотографиите.

Нападот се случил во Лас Вегас, по што полицијата ја уапсила 22-годишната Ангела Бонел и таа е сега обвинета за злосторство од омраза и за обид за убиство.

„Бев прободена седум пати пред мојата куќа затоа што сум црнчуга. Таа жена потрча по мене и почна да ме прободува. Ми рече дека тоа е затоа што јас сум црнчуга, тоа е сè што слушнав додека ме бодеше. Не можам да го мрдам вратот и се плашам да бидам сама. Викав помош, но никој не ми помогна. Подоцна неколку луѓе ми помогнаа и јас сум им благодарна за тоа. Го молам Господ, ако имате омраза во срцето кон црнците, да ја излекувате. Не го заслужив ова, никој не заслужил. И да, сѐ уште сум горда што сум црна“, напишала таа.

„Пријателката и јас бевме надвор и додека разговаравме кога одеднаш се појави оваа, почна да трча по скалите и ја прескокна оградата. Потоа почна да трча кон нас. Ние се раздвоивме, а јас додека трчав добив напад на астма. Замолив двајца мажи за помош, но тие не ми помогнаа. Луѓето го снимаа тоа што се случува, но ниту тие не помогнаа. Кога ме фати, го извади ножот и почна да ме прободува. Јас крвавев и се обидував да се борам. Конечно неколку луѓе почнаа да викаат на неа и еден маж ја оттурна. Тогаш дојдоа полицајците и ја уапсија“, раскажала Џасмин.

Scroll to Top