Фризури што се секогаш во тренд

Постојат фризури на кои не им можат ништо ни времето ни новите трендови. И иако многу луѓе сакаат промени, особено кога станува збор за фризурата, и ги менуваат стиловите со секоја нова сезона, постојат и фризури што важат за вечни класици и со кои никако не можете да погрешите. Затоа ова лето искористете го да направите промени што ќе ги истакнат вашите црти на лицето и ќе направи да изгледате освежено и шик. „Репортер“ за вас избра пет фризури што треба да ги пробате.

Класичен боб

Боб е фризура што ја носат многу дами и таа е одлична за летните денови. Совршен начин да се ослободите од сувите и оштетени краеви, но и шанса за апсолутна промена на изгледот и пократка коса.

Лесно се стилизира, а должината воопшто нема да ве кочи при испробувањето различни текстури, фризури и аксесоари.

Лоб

Средната должина на коса до раменици, или попозната како лоб, е фризура што го воодушеви речиси целиот свет. Нема жена што не ја испробала. Ова е можеби еден од најпопуларните облици на свеж изглед. Дополнето со техниката балајаж, ова е опција на која нема да може да ѝ одолеете.

Долга коса со степен

Доколку не можете да одлучите да ја скратите косата во целост, можете да ја освежите со фризура со степен која е меѓу омилените кај познатите дами. Можете да ја бирате должината на предните прамени, а и убаво изгледа со кркми.

Пикси – потполно кратка коса

Писки-фризурата е за најхрабрите жени што се подготвени да направат голем чекор. Оваа фризура нема да ви одзема многу време да ја направите, а сушењето коса ќе ви стане забавно. Одлична е за лето.

Кркми

Не сакате да ја менувате должината на косата? Одлучете се за кркми. Летната верзија на кркми вклучува истенчената коса и нерамната должина, која на секоја фризура ѝ дава посебен шмек.

Scroll to Top