Галеб украл кесе со марихуана и спасил маж од апсење

Полицајци во цивил патролирале на Фестивалот за култура во Гетеборг, кога забележале жена како слободно пуши марихуана, и додека ѝ приоѓале, мажот, кој бил во нејзино друштво, го зграпчил кесето со марихуана, што го забележала и полицијата.
Како што се наведува, полицајците потоа тргнале кон мажот со намера да го уапсат, меѓутоа неколку моменти пред да му се приближат полицајците се појавил галеб кој ја зел ќесичката и одлетал со неа, па така го однел и доказот.
Портпаролот на полицијата во Гетеборг, Стефан Густафсон, изјавил дека, според проценката на полицијата, во кесичката имало околу десет грама канабис, меѓутоа бидејќи немало докази, не е извршено апсење.
„Полицајците не очекуваа трети лица да се вмешаат. На тоа место има голем број галеби, а еден од нив ја видел својата шанса и ја зграпчил кесичката. Полицајците само гледале како галебот исчезнува кон небото “– рекол Густафсон.
Сепак, полицијата ја уапсила жената со џоинтот в рака, поради користење и поседување марихуана.

Во Шведска се во сила најстрогите закони за дрога и според нив, поседувањето марихуана се казнува со висока парична казна и затвор до шест месеци.

Scroll to Top