(Галерија) Ентериери што веќе не се во тренд

Бидејќи почна новата деценија, сега е вистинско време да направите промени и во домот. Експертите за дизајн на ентериерот откриваат кои предмети, бои и стилови се потполно во аут, па е време да ги заборавите.

Милениумска розова

Дали е ова прекрасна нијанса на розово? Да. Барем, ако воопшто ви се допаѓа. Мека е, топла е и има некој посебен шарм, меѓутоа, сега кога е 2020 година, се чини дека нејзиното време дефинитивно проаѓа.

Геометриски формии

Острите геометриски линии даваат неверојатно визуелно влијание. Но, последните години видовме многу од овие облици во ентериерните дизајни и декори, така што е вистинско време да се посветиме на малку поинакви облици.

Доминација на белата боја

Стерилната бела боја беше многу популарна претходните години, меѓутоа, сега овој стил дојде до крајот. Колку и да изгледаше софистицирано и елегантно, би требало да го избегнувате овој некогашен тренд.

Scroll to Top