(Галерија) Групни дружби на опуштени скопјани: Во Градски парк како на излет и ретко кој носи маска

Родители со деца, еден куп тинејџери , собрани во групи, друштва седнати на тревата и на клупи, се дружеа како да не постои опасност од коронавирусот. Ваква беше сликата во Градскиот парк и викендов што помина, каде буквално вриеше од граѓани кои се шетаа како ништо да не се случува и покрај предупредувањата на здравствените рабтници.

 

 

 

Викендов што помина, повторно ги измами скопјани на прошетка во Градски парк и на Кеј на Вардар. Сликата и овој пат запрепастува: шетачи по сите патеки кои уживаа во пролетта  во време на пандемија, се гупираат седнати на тревниците и ретко кој носи маска. Опуштени , никој не води сметка за заштита, се поздравуваат, се гушкаа, наместо да држат дистанца од два метра растојание.

„ Луѓево се однесуваат како ништо да не се случува. Па сто пати им е кажано да се носат маски и да не се групираат, а тие се однесуваат како да се на продолжен викенд и како да нема пандемија. Па срамота е вака, затоа и уште ќе трае ова. Па не е за овој народ да ги олабавиш мерките“, коментираат некои од граѓаните кои сепак, почитуваат мерки за заштита  и носеа маски на прошетка во паркот.

Паркот е опција за оние кои бираат да прошетаат наместо да седат дома. И Кејот на Вардар каде се спортува или на Водно е место каде се оди на прошетка. Сите локали се затворени, сите културни и спортски настани се одложени за друг неопределен датум.

Полицискиот час засега останува од 19 часот иако се зборува дека од следната недела може да биде олабавена мерката , па да почне од 21 часот.

Според исходот од заболувањето, 373 лица  се активни случаи, 1.200 случаи се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување. Од случаите кои се водат како оздравени, 218 биле хоспитализирани додека останатите 982  биле на домашно лекување. Починати се 91 лице.

Александра Георгиев 

 

Scroll to Top