(Галерија) Илјадници млади го предводеа маршот за чист воздух во Скопје, возрасни речиси немаше

Вечерва во Скопје средношколците протестираа за чист воздух. Возрасни на маршот скоро и да немаше. „Каде се денеска еколошки свесните граѓани што излегоа на протест минатиот пат? Требаше денес да има многу повеќе народ. Зарем деца треба да водат протест?“, коментираа дел од повозрасните граѓани во толпата, која броеше неколку илјади луѓе.

Маршот за воздух, што го организираа триесетина граѓански иницијативи, кои се борат против загадувањето на воздухот, почна пред Министерството за животна средина. Оттаму толпата се упати кон Собранието, а протестот го завршија пред зградата на Владата. За цело време тие извикуваа „Нема воздух нема мир“.

Пред Владата организаторите ги повторија своите барања до власта. Тие рекоа дека се задоволни од бројот на луѓе што дошле да протестираат за чист воздух, иако денес имаше многу помалку граѓани од маршот пред две недели.

Scroll to Top