(Галерија) Млади дизајнери со креативни пораки обединети против коронавирусот

Млади креативци и дизајнери со свои илустрации и пораки периодов даваат свој придонес против коронавирусот. Тие низ социјалните мрежи упатуваат пораки со цел да ја подигнат свеста против ширењето на опасниот вирус.

Со графички програми и креативни идеи тие се вклучија во акцијата за да ги информираат граѓаните.

Преку нивните повици, тие велат дека ќе се задржи напредна мисла и здрав разум, но и ќе им дадат поттик на здравствените работници, кои се наоѓаат во првиот фронт во борбата против Ковид-19.

Scroll to Top