(Галерија) Модерни и на улица – облечете се како светските манекенки

Славните ѕвезди, фото-моделите и манекенките често изгледаат совршено кога шетаат на улица, а не само додека се на пистата и кога со шминка шетаат во креациите на најголемите светски модни дизајнери. Тие се совршено градени и знаат како правилно да го држат телото, а тоа прави да изгледаат одлично дури и кога ќе се облечат за на улица. Затоа уличниот стил на најголемите фото-модели и манекенки е толку интересен. Па и вие можете да „украдете“ некој трик за својот „уличен аутфит“.

Моделите кога не работат, на се појавуваат во наједноставни парчиња и лежерни модни комбинации – едноставни памучни блузи, џинс, скини или широки модели, шорцеви, екстравагантни чизми и слично. Косата тогаш им е лабавно фатена во опаш или е разбушавена и пуштена да паѓа слободно.

Кога се на улица сакаат да изгледаат како тукушто станале од кревет, но тоа ни малку не им смета да изгледаат потполно гламурозно. Тие со својот опуштен изглед покажуваат дека помалку е секогаш подобро и дека тој изглед треба да го практикуваат сите жени.

Затоа, ако сакате да изгледате опуштено, а истовремено и гламурозно, дури и да не сте градени како манекенка, секогаш може да излезете од дома со разбушавена коса, да ја пуштите слободно да паѓа, да го искомбинирате својот омилен џинс со бела памучна блуза, да ставите малку асесоари и да изгледате совршено.

Scroll to Top