Бразилскиот уметник Тулиус Хевер создава уметнички дела кои го треба да се погледнат!
Талентираниот и самоук уметник од Бразил, Тулиус, навистина може да се пофали со своите неверојатни изработки од неодамна станаа вирални. Тој со помош на компјутерските програми маестрално ги спојува неговите симулации направени со молив со вистински реални фотографии во неговите магични тродимензионални манипулации чиј резултат е речиси живата слика. За секоја илустрација му е потребно вкупно 9 до 10 часа за да ја комплетира целосно.
Неговата страст и талентот случајно ги спознал кога за прв пат инсталирал програм за фотошоп. „Фотошопот го открив на 17 години и од чиста забава, без размислување дека можам да станам професионалец на тоа поле. Проектот „Живи скици“ (“Living Scethes”) ми падна на памет кога сам се пријавив за познатиот уметнички натпревар на сајтот „Worth1000” каде што научив да ја стимулирам мојата креативност“, вели Хевер.
Погледнете како оваа неверојатна уметност изгледа!