Оваа пролет купете барем едно жолто парче облека. Стилистите ја препорачуваат жолтата боја кај најхит за сезоната пролет 2019, велат, оваа боја потсетува на сончевите денови што следуваат. Жолтата е боја на креативноста, активноста и енергичноста.
Жолтата боја одлично се комбинира со џинс, со црна боја, со зелена, кафена. Можете да одберете панталони, сукња, кошула, мантил, фустан, па дури и чевли или чанти во оваа боја.
Стилистите советуваат да не се облекувате во жолто од глава со петици, туку да изберете едно парче што ќе го комбинирате со другата облека.