(Галерија) Погребан Ники Лауда

Денеска во Австрија на гробиштата Нојстифтер Фрадхоф, беше погребан легендарниот возач на Формула 1, Ники Лауда. Неговото тело беше изложено до 12 часот, по што следеше религиска миса и приватен погреб.

Лауда во вечниот дом бил облечен во комбинезон на Ферари, а на капакот била поставена неговата кацига. Легендарниот возча бил погребан на гробиштата каде почива и неговата мајка.

Медиумите пренесуваат дека на погребот присуствувале голем број на познати спортисти од Формула 1. Меѓу нив се најдоа и возачот на Мерцедес Луис Хамилтон, шефот на организацијата, Берни Еклстоун, првиот човек на тимот на Мерцедес, Тото Волф, Герхард Бергер, Алан Прост како и глумецот Арнолд Шварценегер.

Меѓу присутните беа и поранешниот пилот на Мекларен Мерцедес Дејвид Култхард и веќе поранешниот австриски премиер Себастијан Курц.

Предвидено е свој говор да одржат поранешните негови колеги, возачите Герхард Бергер и Алан Прост. Ники Лауда почина на 20 мај како последица на компликации на белите дробови. Тој беше трикратен светски шампион во Формула 1. Две титули освои со тимот на Ферари, а една со Мекларен.

Scroll to Top