Италијанецот Пиетро Босели, кој работел како професор по математика на Универзитетот „Колеџ Лондон“, стана модел. Босели, кој е италијански инженер и научник, вели дека сака да изгради кариера на модните писти, но дека нема во план целиот живот да се занимава со моделство.
Својот прв едиторијал го снимил на шест години, а работел како модел и снимал кампањи за многу познати личности. Босели е познат како најзгодниот професор на светот, а на „Инстаграм“ има речиси три милиони обожаватели. Неговата кариера како модел повторно ја активирал благодарение на негова студентка.