Модната дизајнерка Ивана Кнез денеска за својот роденден ќе ја претстави својата најнова модна колекција. Кнез во својата фотоприказна ќе ги претстави почетоците на двата бренда Drama & Lovecats. Таа вели дека тоа е „костимски пристап на современа мода, проткаена со многу емоции, чиста страст и љубов“.
„Денеска полнам 34 години и никогаш не сум се чувствувала подобро. Изгледот доаѓа сам по себе, заедно со прекрасен тим на луѓе е возможно да се постигне сè. Во време кога како никогаш претходно фокусот е на личен развој, физички и психички, ставам акцент на самодоверба и развој на карактер. Промена на сопствени стандарди со цел подобрување, промена на тело и промена на основен сетинг на размислување, за поквалитетен живот“,вели, Ивана Кнез.