(Галерија) Топ 10 градови кои треба да ги посетите во 2020 година

By

Магазинот Lonely Planet направи листа од десет дестинации кои се идеални за туристите да ги посетат во 2020 година. За најдобри градови кои треба да се посетат наредната година се прогласени Салцбург, Вашингтон и Каиро.

Најисплатливи места за посета се Источна Нуса Тенгара (провинција во Индонезија), Будимпешта, Маџа Прадеш во Индија и Бафало во САД.

Салцбург

Секое лето Салзцбург се претвора во огромен театар и градот од 150.000 луѓе станува културен центар на светот кој привлекува повеќе од 250.000 миленици на културата и музиката. Најзначајниот фестивал на музиката во градот на Моцарт следната година ќе го прослави стотиот роденден. Станува збор за настан кој традиционално се одржува во тврдината Хохенсалцбург. Програмата е целосно обновена и ако сакате да уживате во магичните вечери и изведби на музиката на Моцарт, пожелно е да ги резервирате билетите на време.

Вашингтон

Сите очи наредната година ќе бидат насочени во главниот град на САД, Вашингтон, со оглед на тоа што се одбележува 100-годишнината од 19. Амандман, законот кој на жените им овозможува право на глас. Тоа ќе биде повод за бројни изложби во галериите и музеите, кои секако вреди да се посетат. Освен тоа, следната година ќе биде во знак и на претседателските избори во САД. Па оттука не чуди што секои внимание на јавноста ќе биде насочено кон Вашингтон.

Каиро. Египет

Главниот град на Египет е познат по својата древна историја и секогаш е препорачливо да го посетите, ако ви се укаже можност за тоа. Ако сакате целосно да запловите во минатото на Египет, треба да застанете кај пирамидата во Гиза, Музејот на исламската уметност, џамијата Ал Азхар, прочуената чаршија Хан ел Халили. Следната година ќе биде означено отворањето на Големиот египетски музеј во Гиза, а туристите ширум светот со нетрпение го очекуваат овој настан. Тој ќе го претстави најголемата ризница на една светска цивилизација. Сите љубители на Тутанкамон веќе ги подготвуваат своите куфери.

Градот Галвеј е најинтересниот град во Ирска. Во него има многу пабови со жива музика кои нудат одлична забава, додека бројните кафулиња со отворени дворови даваат феноменален поглед на шеталиштата и уличните уметници. Една од најпопуларните ирски туристички дестинации е позната и по срдечното локално население и следната година, заедно со Риека во Хрватска, ќе биде престолнина на културата.

Овој опуштен град на југот на Индија прави спој на новото и старото. Тамошните власти се залагаат за зелена технологија. Интересно е што аеродромот во овој мал познат град е единствениот во светот кој работи на принцип на соларна енергија. Некогаш бил познат и како „Кралица на Арапското Море“. Кочи отсекогаш важел за центар кој во минатото го окупирале разни европски сили.

Некогаш главниот град на Западна Германија, Бон, исчезна од радарот кога Берлин во 1990 година повторно го презема местото како главна метропола. Оваа економска и културна метропола со интернационално значење од следната година ќе одбележи 250 години од раѓањето на Бетовен. Тоа значи дека посетителите ќе можат да очекуваат целогодишни концерти под палката на најдобрите диригенти. Посебно ќе биде изведбата на операта на Бетовен.

Административниот центар на Боливија обилува со необични контрасти и специфичности, кои на градот му даваат неповторлива атмосфера на исклучителност и мистицизам. Овој неверојатен град е дом на 11 милиони жители. Како главен туристички адут за 2020 година, Lonely Planet го издвојува проширувањето на трамвајската мрежа, која во 2014 година се состоеше од само три трамваи, а денес ги има 11.

Ванкувер е град кој се наоѓа меѓу море и планина. Ова е град кој се грижи и сериозно ја сфаќа животната средина. Родното место на Гринпис денес има широко распространета мрежа на велосипедски патеки и шеталишта. Ванкувер следната година ќе стане еден од најзелените градови во светот. Акциониот план предвидува унапредување на еколошки параметри на благосостојба за сите, како за жителите, така и за туристите.

Футуристичкиот град Дубаи има покренато неколку големи проекти за наредната година. Еден од главните е шестмесечната манифестација Expo, на која околу 190 држави ширум светот ќе ги претстават нивните најнови технолошки изуми. Идејата е да се обедини одржливоста и мобилноста, а ќе бидат презентирани и новите летачки автомобили. Во меѓувреме, околу три километри од брегот, вештачки архипелаг под името „Свет“ ќе ги отвори своите врати.
Денвер претставува еден од најволшебните градови во САД, кои влегуваат во завршна фаза на развој кога се во прашање културната содржина и храната. Во наредната година во план е да се отворат нови маркети кои ќе ги спојат домашните и странските вкусови.

 

Ќе ви се допадне