(Галерија) Велигденски декорации за домот

Доаѓа Велигден и можеме да му приредиме на семејството убава празнична атмосфера со декорации во домот и на нашата трпеза.

Секоја година во игра се нови трендови на декорација на домот, јајцата и трепезата за велигденските празници. Ваквите трендовите ги следат и модните, па оттука добиваме и нови и свежи идеи за поинакво празнично украсување.

Освен со религиозното и историското значење, велигденските декорации се поврзани со елементите на будење на пролетта, ведрите бои и доброто расположение. Токму од тие причини, пригодното уредување на домот создава пријатна и ведра атмосфера, истакнувајќи ја посебноста на овој период од годината.

Нежно жолтата, зелената, розевата и сината боја се дел од боите кои се пригодни за декоративните елементи. Шаренилото добиено со играта со бои создава особеност и ведрина. Пролетното време во кое природата повторно оживува и создава свое богатство на бои претставува вистински мотив и извор на инспирација при декорирање на домот.

Убаво декориран и шарен е вистинскиот Велигден.

И покрај тоа што зајакот не е дел од нашата традиција, кога е овој празник во прашање, во понудата доминираат токму такви украси, преземени од американската култура.

Еден од побитните детали е велигденското дрво, кое ќе стои на велигденската трпеза. Ова дрво многу едноставно се прави, од неколку суви гранки, кои ќе се постават во вазна за цвеќе и на нив ќе се закачат по неколку украсни велигденски јајца.

Во контекст на ова, годинава популарни се декорациите што подразбираат бојадисани јајца во стаклен сад и цвеќе.  Популарни се и венчињата во разни форми, украсени со сено, велигденски јајца и други декоративни елементи.

Scroll to Top