Кафулето „Централ перк“, каде што се собираа Моника, Чендлер, Рејчел, Фиби, Џои и Рос, за многумина и денес е омиленото телевизиско кафуле. Иако измислено место, фановите преку серијата го доживуваа како реално да постои. Тоа послужи како инспирација за многу други кафулиња во светот, а едно такво неодамна се отвори во Ниш. Нишкото кафуле е со слично име, „Централ парк“, и е направено во боите што се карактеристични за кафулето од серијата. На ѕидовите се закачени фотографии од шесте главни ликови од „Пријатели“, но и цитати од серијата.