(Галерија) Златниот авион на Абрамовиќ има противракетен систем, за кој тој не знае

Рускиот мултимилијардер кој го однесе Челзи до врвот на Европа, Роман Абрамовиќ, е тежок 12 милијарди долари, а медиумите пишуваат дека најверојатно од страв, тој побарал својот трет „Боинг“, да е опремен со антиракетен систем за безбедност, идентичен на тој кој го има и во авионот на американскиот претседател Доналд Трамп.

За ваквата безбедност, Абрамовиќ потрошил околу 80 милиони долари. Авионот на рускиот тајкун, е отпорен на проектили, исто како и Air Force One, но интересно е тоа што Абрамовиќ не знае за таа работа, пишуваат медиумите. Но, Абрамовиќ знае дека својот „Боинг“ е уреден со злато.

Во него има спална соба со брачен кревет, комплетна кујна и сала за банкети за 30 лица. Абрамовиќ го има крстено авионот „Бандит“. Дали тоа има некаква врска со претседателот Трамп, знае само Абрамовиќ, пишуваат медиумите.

Другите два „Боинга“ на Абрамовиќ се деловни. Тие имаат конференциска сала и повеќе еднокреветни спални соби, но не се ни одблиску како „Бандитот“, во кој екипажот и патниците не се плашат дека можат да бидат разнесени од проектили земја-воздух и слични незгоди.

Сопственикот на Челзи, има еден „Боинг 767-300“ и еден „Боинг 767-700“. Целата флота, вкупно му вреди преку 200 милиони долари. Тој поседува и јахта Eclipse, со која пред неколку години пловеше во Дубровник. Оваа јахта вреди преку 130 милиони евра. Во пристаништето Груж, 40 цистерни им беа потребни 40 часа, за да ја наполнат со гориво.
  
Scroll to Top